Шилегов со Адријана Будимир во „Маалски муабети со Шилегов“: „Многу ми е битно Скопје да стане рамномерно развиен град“

од Берта Китинска
244 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својата Facebook страница сподели видео со легендарната ракометарка Андријана Будимир, во кое разговараат на различни теми поврзани со животот во Скопје, нејзината професионална кариера, тековните и идни градски проекти, но и актуелните проблеми и решенија.

„Скопје има многу приказни. Приказни кои се случиле и приказни кои допрва треба да се случат. Сите подвизи, сите лични и колективни успеси но и неуспеси, сите оние настани и нешта кои се случиле и нè обединуваат како сограѓани и жители на Скопје, без разлика дали сме се родиле тука или со текот на времето Скопје едноставно станал наш град. Една од тие приказни е и на личност која неизмерно ја почитувам, а тоа е легендарната ракометарка Андријана Будимир. Можеби не може да каже дека се родила тука, но со своите успеси многупати докажала дека Скопје е и нејзин град, а скопјани тоа го препознаа и ја прифатија како отсекогаш да била една од нас.“ – Петре Шилегов.