Будимир, Данева-Маркова, Пејкова, Нина Фити дел од новите членови на Централниот одбор на СДСМ

од Vladimir Zorba

Меѓу новите членови на партискиот Централен одбор има и познати имиња како Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска,…, велат од СДСМ за МИА.

Денешниот 26. конгрес на СДСМ што се одржа онлајн поради корона пандемијата заврши, а во секој момент се очекува да почне седницата на Централниот одбор по што прес-конференција треба да одржи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од СДСМ додаваат дека во Централниот одбор има многу нови имиња, повеќе од две третини. Меѓу избраните функционери застапени се лекари, спортисти,…, а се водела сметка и за родовата и возрасната еднаквост.

Заев ќе ги соопшти сите одлуки и новите кадровски промени.

Слични содржини