Народниот правобранител отвори предмет: Ќе побара од Владата да сe преземе мерки во однос на МВР

од Берта Китинска
133 прегледи

Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција информираше дека  пристигнати се и индивидуални претставки од граѓани по кои ќе се постапува во врска со издавањето лични документи и регистарски таблички.

„ На граѓаните им е ускратено елементарно право да поседуваат свои лични документи, како и да можат слободно да се движат надвор од државата со свои моторни возила, побаравме информација од Министерството за внатрешни работи да нè извести дали проблемот е само поради зголемениот број на поднесени барања или има системски пропуст. Бидејќи нашите индикации се дека не е само поради тоа што има зголемен број барања за вадење лични документи.Можеби ќе има и посебен извештај за овој случај, но ќе побараме од Владата да преземе мерки во однос на Министерството за внатрешни работи, рече Зибери.