Заев: Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите

од Берта Китинска
254 прегледи

Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите. Максим е еден од главните кандидати, но имаме и други кандидати, рече премиерот Зоран Заев, во денешното обраќање од Куманово а во врска со локалните избори и кандидатурата на Максим Димитриевски, актуелен градоначалник.

Тој не кажа сигурно, но рече дека е еден од главните кандидати.

– СДСМ секогаш ќе го понуди најдоброто како во Куманово, така и во сите општини ширум државата – рече Заев.