465
Денеска во Скопје ќе се одржи втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
– Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, се вели во соопштението испратено до јавноста.
Парадата ќе започне од паркот „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.