Заев: Афирмацијата на македонскиот јазик е во врвот на приоритетите на оваа Влада

од Берта Китинска
114 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ги прими членовите на Советот за македонски јазик кои на средбата информираа за текот на подготовките за текстот на предлог Законот за македонски јазик.

На состанокот, на кој учествуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, претседателот на Советот за македонски јазик проф. Д-р Људмил Спасов, информираше за последната верзија на нацрт текстот на законот, на што се надоврзаа и останатите членови на Советот со укажувања во кои насоки треба да се движат завршните подготовки за предложените законски предлози кои потоа ќе бидат ставени на увид на јавноста.

Посебно место на разговорот на оваа средба беше посветена на лекторатите за македонски јазик во странство на кои предложените законски одредби посебно се фокусираат за подобрување на нивниот статус и улога како особено важни центри за изучување и афирмација на македонскиот јазик на меѓународен план.