МВР: Српскиот автобусот има оштетување на стаклото, но не ограбен

од Берта Китинска
241 прегледи

На 26.06.2021 во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет извршил оштетување на возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“, информираат од МВР.

Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спрските медиуми денеска информираа дека нивен туристички автобус  којшто превезувал руски туристи бил каменуван во Скопје.Според нивните информации, непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата.