Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител” порача дека нашата Влада нема што да бара од Софија, додека таму не се направи политичка Влада и не се конституира Парламент, кој ќе има мандат од четири години.
Негова препорака е во овој период Владата да се задржи на акциските соработки со Бугарија со кои ќе се гради довербата, но не и да се разговара за главните точки на разединување.
Во однос на обвинувањата од опозицијата дека Владата го распродаваат државниот идентитет, Пендаровски, повикувајќи се на она што му го кажал премиерот, рече дека такво нешто, нема.
– Не можам да шпекулирам дали тоа се случувало. Можам да ви кажам само што премиерот ми кажа дека е разговарано. Од се што мене премиерот ми го кажа, нема такво нешто, ниту пишано, ниту вербално. Тоа е она што го знам, рече Пендаровски.