Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски за Дневникот на „Сител“ изјави дека ќе мора да се воведат одредени еколошки такси ако сакаме да имаме чиста животна средина.
– За жал, ќе мораме да одиме со одредени видови на еколошки такси. Тоа е тренд во Европа. Заштитата на животната средина значи многу пари. Ние ќе имаме огромна помош од ЕУ во овој дел и пред да станеме членки, меѓутоа самите не можеме да го истераме тоа, рече Пендаровски.
Смета дека многу е подобро сега да се вложи во овој дел за да во иднина има помалку човечки жртви од загаденост на животната средина.