215
Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот „Синовак“ слета утрово на скопскиот аеродром, соопшти на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.
Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини.
„Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“, додаде Филипче.
Според податоците на МЗ, Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно досега се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани.