312
Се поставува нова патека на шеталиштето од кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во Градскиот парк.
-Шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи добива целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад, пишува на својот Фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.