Убиство во Тетово: Жена го убила невенчаниот сопруг со тврд предмет

од Берта Китинска
231 прегледи

На 27.06.2021 во 11,35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И., информира МВР.

Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С.