Скопјанец остана без автомобил, му се заканиле со тврди предмети и му го одзеле „Голфот“

од Берта Китинска
292 прегледи

На 27.06.2021 во 01,45 часот Џ.M.(39) од Скопје пријавил дека на 26.06.2021 околу 22,40 часот на подрачјето на Центар од две лица со закана со тврди предмети му било одземено патничко моторно возило “голф“ сопственост на правно лице, соопшти МВР.

Се работи на расчистување на случајот.