Во септември ќе направиме попис на граѓаните, на еднакви граѓани, на сите, и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Роми Власи, Бошњаци, тоа се граѓаните на Северна Македонија, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар додавајќи дека во периодот пред нас следува поттикнување на важни економски процеси.
-Отворивме интервентен план за инвестиции, кој е димензиониран насекаде низ државата. Н0а една милијарда од ЕУ, која и припаѓа на Северна Македонија додадовме уште 7, со кои ќе го дигнеме севкупниот економски стандард на државата, нагласи претседателот Заев.
Ќе има уште повеќе инвестиции, Северна Македонија конечно е сигурна и стабилна земја под закрила на НАТО, продолжуваме понатаму да инвестираме во инфраструктура, тоа е предуслов за нови инвестиции, со ТАВ програмата градиме водоводи и канализации. За 26 години се изградни 17% канализации во државата, за 4 години го кренавме тој процент на 34 процент, рече Заев, додавајќи дека ќе продолжиме понатаму бидејќи има пари во државата, но во минатото оделе во глупости.Само со јакнење на економскиот капацитет и стандард на сите граѓани во државата ќе ги мултиплицираме економските ефекти за раст и развој на сите во Северна Македонија, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“.