Заев: Следната реална можност за преговорите со ЕУ е крајот на словенечкото претседателство

од Nikola Popovski
141 прегледи

Нема потреба од предвремени избори поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека следната реална можност кога за тоа ќе се одлучува ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство.

Заев вели дека денеска е јасно дека македонскиот јазик и идентитет не се дел од преговорите. Рече дека последното вето и новиот неуспех за придвижување на интеграцискиот процес не може да бидат причина за нови предвремени избори.

Премиерот најави дека ќе продолжат координациите и контактите на ниво на работни групи, и им посака на Бугарија и бугарскиот народ успешни избори кои ќе доведат до Парламент и Влада за, како што нагласи, да може да продолжат политичките контакти.