Kaзни за 56 возачи поради затемнети стакла

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последните 7 дена од 21-ви до 27 јуни биле санкционирани повеќе возачи за неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

„ При контролата санкционирани се 60 учесници во сообраќајот, од кои 56 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и четири за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата“, информираат од полицијата.

Слични содржини