Битиќи: За четири години бележиме раст на минималната плата од над 6 илјади денари

од Nikola Popovski
218 прегледи

Во овие четири години бележиме огромна разлика на унапредување и подобрување во секој сектор за разлика од оние единаесет години на расипничко владеење и богатење на поединци. За четири години бележиме раст на минималната плата од над 6 илјади денари, раст на просечната плата од речиси 5 илјади денари.Р астат платите и во здравството, во образованието, во детската и социјална заштита, во секторот одбрана и полицијата. Паралелно со нив се зголемуваа и пензиите. За 300 отсто ја зголемивме социјалната помош, а за четири години исплативме рекордни 430 милиони евра за финансиска поддршка за земјоделците. Ова почитувани е доказ дека СДСМ е партија на граѓаните и за граѓаните, изјави потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, кој учествуваше на маалска средба со граѓаните од општина Јегуновце.

Тој во продолжение додаде дека СДСМ не е партија која од граѓаните бара мандат за владеење, СДСМ ја бара поддршката на граѓаните за да го реализира она што тие ќе го наведат како нивна потреба.

-Заедно со граѓаните ја правиме најквалитетната кадрова и програмска понуда, заедно го правиме најдоброто за нашата општина, затоа СДСМ и граѓаните се победници и на престојните локални избори, потенцира Битиќи.

Слични содржини