Премиерот Зоран Заев на трибината во Дебар порача дека сите блокади и кочници ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат разбиени со цел да се спорведат сите проекти кои се значајни за граѓаните.
-Имаме инвестиции, насекаде, но имаме и една во последните неколку месеци и една инвестиција која се случува близу Собранието, тоа е инвестиција во гуртни, во блокови, во кочници, на нив стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ и ликот на Христијан Мицкоски , а на амбалажата пишува „Најголеми кочници на светот“ порача претседателот Зоран Заев на трибината во Дебар.Сите кочници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разбиеме затоа што сѐ што правиме е во интерес на граѓаните, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Се обидуваат да ги закочат сите проекти, но нема да им дозволиме, речеЗаев.