Владата на денешната седница донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните). Претходно во текот на денот, беше објавено дека е донесена одлука од 1 јули да се организираат свадби и во затворен простор.
„Прослави и свадби со исполнетост до 40% од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости“, стои во објавата на владината прес-служба.
Овие препораки следуваат по жалбите на хотелиерите, односно сопствениците на затворените ресторани, кои истакнаа дека се дискриминирани поради тоа што организирањето на свадби е дозволено само во рестораните со тераси или отворен простор.
Оваа одлука не ги опфаќа затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.