Рекорд во Велика Британија: Најмногу заразени од крајот на јануари

од Nikola Popovski
210 прегледи

Велика Британија регистрира 26.068 нови случаи на корона, што е најмногу од 29 јануари, како и 14 смртни случаи, според официјалните податоци.

Бројот на пациенти се зголемува повеќе од еден месец, но нема многу смртни случаи, а научниците наведуваат дека забрзаната вакцинација ги ослабила последиците од инфекцијата, пренесува Ројтерс.

Претходниот ден, Велика Британија регистрираше 20.479 случаи.

Досега првата доза ја примиле 84,9 проценти од возрасните, а 62,4 проценти од граѓаните ги примиле двете дози на вакцината.

Слични содржини