Манчестер Јунајтед напредува бргу во преговорите за Варан

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Манчестер Јунајтед е многу блиску до потписот на Рафаел Варан, изненадувачки објави денеска „ESPN“.

Раководството на „црвените ѓаволи“ доцна синоќа успеа да го заврши очекуваниот договор за крилото на Борусија (Дортмунд) Џејден Санчо, а веднаш потоа информацијата за брзиот напредок во преговорите меѓу Реал Мадрид и англискиот шампион за потписот на централниот дефанзивец се појави.

Францускиот дефанзивец има договор за уште една година со „Лос Бланкос“, но во моментов одбива да потпише нов со тимот од Мадрид.

Во последната кампања, Рафаел Варан одигра 41 натпревар за Реал Мадрид. Цената на дефанзивецот е околу 70 милиони евра. Варан играше за Франција на Еуро 2020, но „петлите“ беа елиминирани во осминафиналето против Швајцарија по изведувањето на пеналите.

Информациите сепак додаваат дека „Олд Трафорд“ има уште неколку опции за центарот на нивната одбрана, но Варан е на врвот на списокот на посакувани додатоци за оваа област.

Слични содржини