Заев од „Преспа форумот за дијалог”: Балканот е нова надеж на Европа

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска во Охрид, се обрати и официјално го отвори првиот „Преспа форум за дијалог”, на тема „Патот до Преспа”.

Во своето обраќање тој потсети на искуствата од минатото кога регионот на Западен Балкан беше место каде се градеа ѕидови и се осврна на сегашноста кога државите од регионот поставуваат нови стандарди и градат мостови.

Како што рече тој, со Договорот од Преспа светот доби еден нов Балкан, европски, Балкан кој покажува и намери и капацитети да биде слободен, поврзан, еднакво вреден и еднакво важен дел од напредниот свет.

„Во времиња на големи глобални и идеолошки пресвртници, радикализации и неизвесност, ние станавме испорачувачи на решенија и мир. Внесовме надеж. Нема нешто што еден лидер би сакал повеќе да остави зад себе, за својата земја”, порача премиерот Заев.

Слични содржини