„За среќа торнадото во Чешка е од скала со вредност 3. Разорно беше затоа што помина преку населено место“, изјави синоптичарот Борис Секирарски од УХМР, за емисијата „Утрински брифинг“.
Тој додава дека природата на торнадото во Чешка и невремето во Стајковци всушност е сосема слична.
„За среќа ветерот понекогаш остана на поголема височина и не се спушта долу до тлото. Во Чешка, тој вртлог се спушти сосема и буквално шеташе по населено место и направи таква штета. Во Стајковци, интензитетот на таа суперклетка особено голем, ја донесе штетата, што резултираше со човечки жртви. Бројот на торнада е голем и во Европа, особено Чешка и Романија ги имаат често“, вели Секирарски, додавајќи дека Балканот и нашето подрачје остануваaат како заштитена област, иако недостасува бројот на извештаи за торнада.