308
„Многу се ираздував кога утрово пристигнав на охридскиот аеродром и ми стигна порака дека повеќе не плаќаме за роаминг на Западен Балкан“, изјави српската премиерка, Ана Брнабиќ во изјава за медиумите од Преспанскиот форум за дијалог.
Таа наведе дека е лош преседан тоа што Бугарија ѝ го прави на Македонија.
„Европските интеграции не треба да се врзуваат со билатералните прашања. Отворените проблеми не треба да се носат во ЕУ. Се надевам дека и во иднина нема да видиме вакви проблеми, иако се плашам дека Пандорината кутија е отворена. Исто така се надевам дека до крајот на годината ќе го добиете посакуваниот датум за преговори со ЕУ, кој одамна го заслуживте. Имате целосно поддршка од Србија“, рече Брнабиќ.