Премиерот ЗоранЗаев во интервју за ТВ „21″ изјави дека доколку бил предавник, Македонија немало да добие вето од Бугарија.
„Мицкоски ме обвинува мене дека јас сум виновен за ветото од Бугарија, а истовремено ме обвинува дека јас правам предавство на македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа е условено едно со друго. Ако направив предавство досега ветото требаше да биде тргнато“, рече Заев.
Тој го одби повикот за тв-дуел со Мицкоски на таа тема, со образложение дека „на целиот свет му е јасно дека никој не разговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик“.
„Не избегнувам дуели и ќе прифатам кога навистина ќе има суштина или потреба“, рече Заев, потсетувајќи дека никој од ВМРО-ДПМНЕ на дошол на Преспа форумот за дијалог.