Дали некогаш сте запознале личност за која сте мислеле дека нема никакви чувства и не се грижи за никого?
Ако се верува на хороскопот, пет хороскопски знаци се иуздвојуваат кога станува збор за бесчувствителноста.
Рак
Зошто Раковите се толку ладни? Ако биле повредени или изневерени на некој начин, тие можат да станат многу бесчувствителни. Тие ќе се однесуваат како да е мртво лицето што ги разочарало.
Јарец
Јарците немаат чувства и луѓето што ги покажуваат ги сметаат за слаби. Претпочитаат да се сметаат за практични и амбициозни луѓе. Тие сакаат да искористуваат други луѓе за нивна сопствена корист и не им е жал поради тоа.
Водолија
Водолијата не сака да се справува со туѓите проблеми и сака да го избегне тоа по секоја цена. Не одете кај нив кога ви треба рамо за плачење. Ако се чувствувате лошо, во срцето на Водолијата нема да наидете на емпатија.
Девица
Постојат моменти кога Девиците навистина веруваат дека се најпаметни и дека сите други не се ниту толку брилијантни како нив. Бидејќи тие се толку фокусирани на она што им се случува во главата, понекогаш можат да го игнорираат она што им се случува во срцето. Тие ќе ги изнервираат другите луѓе со делењето памет и перфекционизмот кон кои се стремат.
Близнаци
Близнаците можат да бидат непредвидливи – во еден момент изгледаат љубезни и пријателски, во друг момент тие се ладни и нечувствителни. Ако ги повредите, тие нема да се грижат за вас и ќе се затворат кога ќе се обидете да разговарате со нив.