Пендаровски: Освен пријател и сојузник, во САД гледаме и стратешки партнер

од Vladimir Zorba
134 прегледи

„Со желби за благосостојба и просперитет, на Претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4-јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија“,сподели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

Претходно честитки упатија и премиерот Зоран Заев, како и министерите Спасовски и Филипче.

Амбасададата на САД во Република Северна Македонија денеска организира прослава по повод државниот празник 4 Јули- Денот на независноста.

Ова е второ виртуелно одбележување на 245-от роденден на американсата нација од прогласувањето на независноста.