Гвен Стефани се омажи во тајност

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Гвен Стефани се омажи за својот вереник Блејк Шелтон, кој е шест години помлад од неа, а интимната церемонија беше договорена само за најблиските пријатели и членовите на семејството.

Интимната церемонија се одржа во Шелтон Ранч во Оклахома.

Американските медиуми пишуваат дека Блејк таму изградил капела порано со намера да се ожени со пејачката во неа, пишува „Пејџ Сикс“.

Да потсетиме, парот се запозна во 2014 година, кога двајцата беа членови на жирито во американскиот „The Voice“, а и двајцата се разведоа приближно во исто време од претходните партнери.

Слични содржини