ФОТО: Се омажи една од најубавите актерки на денешницата, церемонијата беше сè само не обична

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездата на серијата The Queen’s Gambit, Ања Тејлор Џој, се омажи изминатиов викенд во Венеција.

Таа му кажа „да“ на музичарот Малколм Мекреј.

На необичната свадбена церемонија присуствуваа 150 гости, меѓу кои и многу познати личности.

Ања Тејлор Џој е позната и по својот необичен стил на облекување, па така беше и сега.

Таа воодушеви со изборот на фустан кој отстапува од конвенционалните модели на венчавки.

Актерката пред венчавката беше видена на балконот како ужива на кафе, а фотографиите се појавија на социјалните мрежи.

Венчаницата беше беж, а на главата имаше бел вел.

На венчавката на славниот пар присуствуваа Кара Делевињ, Џулија Гарнер, Николас Хулт и неговата девојка Ева Рос, како и многу други, а сите гости, како и невестата, имаа необични комбинации.

Слични содржини