Бензема повторно тренира со Реал Мадрид!

од Vladimir Zorba

Карим Бензема се врати во Мадрид каде опоравувањето од повредата ќе го продолжи во тренинг кампот на Реал Мадрид, Валдебебас.

Клубот Ал-Итихад, за кој моментално настапува, објави дека Бензема поминал низ план за лекување во комплексот на Реал Мадрид.

Лекарите на двата клуба редовно разговараат и соработуваат со цел што подобро закрепнување на францускиот напаѓач.

Саудијците најавија дека Бензема ќе остане во Реал Мадрид до следната недела, по што ќе се врати во Саудиска Арабија за да им се приклучи на соиграчите од Ал-Итихад додека се подготвуваат за крајот на сезоната.

Бензема минатото лето пристигна на Ал-Итихад од Реал Мадрид како големо засилување, но не остана без критики и навреди од навивачите поради слабата форма.

Сепак, неговата игра се подобри пред да заработи повреда, поради која допрва треба целосно да ги покаже своите фудбалски вештини пред Саудијците.

Слични содржини