Гвен Стефани доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд: Нејзиниот сопруг одржа емотивен говор (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Гвен Стефани доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Таа на церемонијата дошла во придружба на тројцата синови и сопругот Блејк Шелтон, со кого се запознала кога и двајцата биле членови на жирито во талент шоуто „The Voice“.

На свечената церемонија Блејк одржал говор со кој ја разнежнил својата сопруга, но и сите присутни.

„Стоејќи овде речиси 10 години откако ја запознав, можам да кажам дека да се биде мајка е сè уште најважната работа во нејзиниот живот. Денес, убаво е да се види како таа е почестена за нејзиниот спореден проект, а тоа е – да се биде една од најголемите ѕвезди во светот“, навел Шелтон, пренесе „Today“.

„Од музика, телевизија и филмови до мода и убавина, таа повторно и повторно се искачуваше на врвот, со нејзиниот уникатен стил што го натера светот да се вљуби во неа. Но, не толку колку јас“, заклучи Шелтон.

Гвен подоцна се огласи на Инстаграм за да позира со наградата, покрај својата ѕвезда.

Слични содржини