Германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен очекува загуба од 150 милиони евра поради пандемијата на коронавирус, соопшти денеска клубот.
Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер изјави дека тие загуби се главно последица на празни трибини, но дека амбициите на клубот остануваат што е можно повисоки.
Новиот извршен директор на клубот, Оливер Кан, истакна дека „безбедноста сепак ќе биде на прво место“.
„Десеттата последователна титула на германски шампион е наша голема цел. Никогаш претходно не е направено во највисоките европски лиги, но исто така сакаме и успешни европски настапи“, рече Кан.
Следната сезона тимот ќе го води новиот тренер Јулијан Нагелсман, а Кан додаде дека клубот преговара за продолжување на договорот со Леон Горецка и Кингсли Коман.
Новата сезона во Бундеслигата започнува на 13 август, а Баерн се надева дека здравствените регулативи во Баварија ќе дозволат ограничен број навивачи да дојдат на стадионот.