Лукаревска: Го исполнивме зборот, ја зголемивме минималната плата за 6000 денари

од Nikola Popovski
305 прегледи

„Нашата партија е постојано на терен, постојано со граѓаните, во секое населено место, во сите маала кадешто разговараме со граѓаните и од вас црпиме идеи, го слушаме вашиот глас и заедно го креираме најдоброто за сите. За нас зборот е збор. Она што вие граѓаните сметате дека е најдобро за вашата општина, тоа СДСМ ќе го имплементира во својата програмата за локалните избори и тоа СДСМ и ќе го реализира – без разлика кој ќе биде кандидат“, изјави потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на маалска средба со граѓаните на Кисела Вода во рамки на караванот “Најдоброто за нашата општина”.

Таа посочи дека го реализирале концептот парите назад кај граѓаните, односно за две години од проектот Мој ДДВ, се вратиле 36 милиони евра назад кај 400.000 граѓани и иако многумина не веруваа дека тоа е возможно.

„Минималната плата ја затекнавме некаде под 9.000 денари, а сега таа е 15.200 денари, со што го исполнивмее дадениот збор кон вас граѓаните. Бележиме раст и на просечната плата која за само 4 години ја зголемивме за 6.000 денари. Да потсетиме дека меѓу првите одлуки на Владата, беше раздолжувањето на општините со 50 милиони евра. Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување, парите на граѓаните денес се трошат за училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради, вложуваме во она што води до унапредување на квалитетот на живот на граѓаните“, истакнала Лукаревска.

Слични содржини