Барса нема за плати: Гризман мора да си оди, за Меси да остане

од Vladimir Zorba
284 прегледи

УЕФА има свој финансиски фер-плеј, Шпанците свој. Прописите се јасни, секој клуб има ограничен лимит за плата, зависи од приходите, а кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот силно ја погоди касата на Барселона. Толку многу што сега е големо прашање дали „блаугранас“ ќе успеат да го задржат Лионел Меси на стадионот „Камп Ноу“.

Властите веќе и порачаа на Барса – нема компромис. Па, каталонски Спорт денес пишува дека Жоан Лапорта сфатила дека нема каде: можеби ќе мора да го продаде Антоан Гризман. Приходите од продажбата на Жуниор Фирпо (15.000.000), Жан-Клер Тодибо (8.500.000) и Конрад де ла Фуенте (3.000.000) не се ни одблиску доволно за да го пополнат буџетот за нов договор за Меси.

Не е спорно дека тој сака да остане, само Барселона сега нема пари да му понуди нешто конкретно. Таа дури нема да ги регистрира новите засилувања Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија.

Дури и да ги продаде Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ – тоа не е доволно. Ќе мора да стори повеќе. И затоа се повеќе се зборува за заминувањето на Антоан Гризман, бидејќи тој навистина може да донесе сериозни пари.

Ако не се најде купувач – проблем околу Меси. Пари Сен Жермен и Манчестер Сити се свесни дека Меси сака да остане, но тие демнат отстрана. Со Лео, Депај и Агуеро – Гризман не е потребен.

Проблемот е во наоѓањето на тој купувач. И тоа не е единствениот проблем. Покрај тоа, тие само се натрупуваат. Денес се појави и Матеус Фернандеш, со кого Барса еднострано го раскина договорот. Сега го тужи тимот и бара да биде обештетен. Тој бара – 15.000.000 евра колку што би заработил доколку останел во клубот.

Слични содржини