Нашите европски партнери повеќе заземаат страна, толерирајќи ја Република Северна Македонија, соодветно – обвинувајќи ја Бугарија, без реални и издржани основи, рече привремениот премиер Стефан Јанев пред амбасадорот на Словенија, Анджеј Франгеш.
Двајцата се состанаа по повод почетокот на ротирачкото претседателство на Словенија со ЕУ. Еден од главните приоритети на Љубљана е започнување разговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија.
Сепак, Бугарија не ја поддржува преговарачката рамка на Скопје.
За време на состанокот, Јанев ја потврдил „позицијата на Бугарија и принципиелната поддршка на Бугарија за европската перспектива на РСМ и Албанија, доведувајќи до израз потребата за поефикасен дијалог и реална волја за решавање на разликите меѓу Софија и Скопје“, соопшти владината прес-служба.
Бугарската страна инсистира на гаранции дека Македонија ќе го спроведе договорот за добрососедство од 2017 година, обидувајќи се да го донесат неговото исполнување на европско ниво. Сепак, земјите-членки на ЕУ не го прифаќаат овој пристап, бидејќи не сакаат билатералните прашања да се решаваат на европско ниво.
Тој му повторил на словенечкиот амбасадор дека Бугарија инсистира да се преземат вистински активности во врска со заштитата на човековите права и сопирањето на јазикот на
омраза. Привремениот премиер посочил дека „во негово својство тој се обидува да дејствува како политичар, а не како бирократ и во оваа смисла главниот приоритет е да биде претставен и максимално заштитен националниот интерес на Република Бугарија“.
Исто така изјавил дека инсистира на отворен и искрен дијалог и се потпира на реципроцитет во тој поглед.