Претседателот на НСДП и поранешен Претседател на Собрание, Тито Петковски предлага бугарскиот претседател Румен Радев да дојде во Македонија и да се поклони на жртвите на бугарскиот фашизам.
– Само така ќе почне процес на помирување, на кој треба да му претходи процес на извинуваање и мислам дека Македонија и Бугарија ќе станат најблиски земји доколку дојде до извинување, вели Петковски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Тој исто така предлага да се распише консултативен референдум, заедно со локалните избори и на конкретно формулирано прашање „Дали Македонија треба да ги продолжи преговорите со Бугарија онака како што таа ги бара или не?“
-Најважно е што политичките партии во земјава покажаа волја за да се обединат околу една идеја и да покажат единство на политичка основа. Тоа говори заа едно повисоко ниво на политичка култура која ние после 30 години како политички партии треба да го имаме, вели Петковски.