Италијанските фудбалери ја победија Шпанија и се пласираа во финалето на Европското првенство на лондонски „Вембли“ по подобро изведување на пенали.
Победникот беше решен во напната завршница на натпреварот, во кој Шпанците покажаа малку повеќе желба, но немаа среќа. Среќата особено му недостасуваше на Алваро Морати, кому Џанлуиџи Донарума му одбрани пенал во финалната серија.
По деведесет минути, а потоа и по продолженија, резултатот на семафорот гласеше 1:1, по што започнаа пеналите.
Голема драма беше видена во пенал-рулетот. Унаи Симон веднаш го одбрани пеналот на Локатели, додека , Дани Олмо не успеа да ѝ донесе предност на Шпанија, промашувајќи цел гол.
Потоа играчите постигнуваа голови по ред, но во петтата серија Алваро Мората не успеа. Лошо шутираше, Донарума го прочита и со тоа и даде на Италија можност да се пласира во финалето.
Жоржињо ја презеде одговорноста, рутински го измами Симон и ги испрати Азурите во борба за врвот на Европа.
ITALY REACH THE #EURO2020 FINAL 🤌🤌🤌 pic.twitter.com/OCBOi3c8Ei
— B/R Football (@brfootball) July 6, 2021
Противникот на Италијанците ќе биде познат после утрешното полуфинале меѓу Англија и Данска.