Микробиологот Никола Пановски смета дека треба да се повлече одлуката за свадби во затворен простор, поради опасноста од ширење на делта сојот.
„Доаѓаат иселеници од ризични подрачја и тоа е опасност. Исто треба да се забранат секакви вид прослави што се во затворени простории. Делта сојот се пренесува и на отворено, меѓутоа ако се спречи неговото влегување, тогаш ќе може да се контролира, како што е сега во Велес. Ако добиете 100 случаи во еден ден, тешко дека ќе ги следите нивните контакти“, рече тој за Тв Телма.
Според него, делта сојот и сега може да се каже дека е доминантен кај нас, ако од 10 заразени, 6 се позитивни на него.
„Среќата е што се мал број на такви лица и засега не се голем пробле“, потенцира Пановски, додавајќи дека со оглед на слободниот пристап за вакцинација и се оди на деца под 16 години, факт е дека голем дел од возрасната популација не прифаќа да се имунизира.
„Оние семејства, кои одбиваат вакцинација (антиваксерите и тие што се плашат), нема да ги вакцинираат своите деца“, напоменува Пановски.