Пожар во берберница во Кавадарци, изгоре помошниот објект до неа

од Берта Китинска
208 прегледи

Рано утрово околу 4.40 часот во Кавадарци изгоре берберница, а со пожарот бил зафатен и уште еден објект до неа. За среќа нема повредени, објави МИА.

Очевидци изјавииле дека пожарникарите брзо дошле и спречиле огнот да се прошири на околните објекти.

Од Територијалната противпожарна единица потврдуваат дека интервенирале на самото место со три возила и седум пожарникари.