Клучен приоритет за полицијата е да се вратат активно финансиските истраги, потврди во гостувањето на „Утрински брифинг“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој откри дека поради неводењето на финансиски истраги, од 1991 година па се до 2017 година се реализирано единствено три конфискации на имот.
-Веќе се направени тимови кои паралелно работат на финансиска истрага и покрај кривичната истрага. Ако се нудат милионски суми за кауции, тоа е доволен мотив за финансика истрага. Не само што ќе се истражат тие понудени пари, туку уверен сум дека луѓето што ги нудат тие пари имаат многу повеќе средства стекнати на нелегален начин, освен овие што ги имаат понудено за кауција, вели Спасовски.
Министерот кажа дека се води финансиска истрага континуирано во предмети каде ќе се утврди нелегално прибавување имотно правна корист.
-Ако направат кривично дело, гледаме и дали сториле нелегално прибвување. На тоа работи единица во Одделот на организираниот криминал за цела држава, но наша цел е во секој сектор на внатрешни работи да имаме ваква посебна единица, заклучи Спасовски.