Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, се најде во неволја на Вимблдон, каде многумина го обвинија за сексизам поради коментарите што ги имаше за девојката на Мартин Фучовиќ, ривалот на Новак во четвртфиналето.
Имено, додека го гледаше натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Фучовиќ, каде тој беше стручен консултант во студиото на Би-Би-Си, Бекер имаше коментар во моментот кога беше прикажана девојката на Мартон Фучовиќ, Анет Берсеменаџи, кој беше осуден од многумина.
– Велат дека најубавите жени се во Унгарија. Не би го знаел тоа, но оваа е дефинитивно убава – рече Бекер за Би-Би-Си.
На социјалните мрежи многумина го осудија Бекер за сексизам, но Би-Би-Си го бранеше велејќи дека не сакал да навреди никого.
Сепак, самата Анет не смета дека коментарот на Бекер е навредлив.
– Ако сте жена, тоа е убав комплимент од маж. Тоа е сексизам само за некој што не се препознава – напишала таа.
-Ако сте жена, „убава“ е убав комплимент од еден џентлмен- напишала Анет, со смешковци кои праќаат бакнежи и го обележала Борис Бекер.