337
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека и викендов разговарал со останатите членови на Комисијата за заразни болести, во однос на последната епидемиолошка состојба во земјава.
„Засега нема најави за воведување некакви рестрикции, поради делта сојот. Мирна е ситуацијара, има поединечни случаи, меѓутоа не гледаме некаков ризик за зголемување на бројот и пациенти и потреба за мерки на границите. Будно ја следиме ситуацијата“, одговори министерот на новинарско прашање.
Тој додаде дека во лабораториите во земјава не е регистриран нов случај на делта сој освен постојните.