Апсолутно се солидаризираме со нашите граѓаните Македонци, затоа што ние најдобро знаеме што значи да се спори јазик, култура и историја“, изјави првиот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, за поднесената Предлог-резолуција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, со методи од 19-тиот век не може да се решат спорови од 21-ви век.
„Очекуваме на утрешните избори во Бугарија да победат демократските прогресивни сили, кои што ќе овозможат решавање на спорот со Софија и отворање на преговорите во декември“, рече Груби.
Премиерот Зоран Заев денес од Виница изјави дека ДУИ ја прифати резолуцијата.
„Само треба да се смени формалното име и да се утврдат одредени формалности, за да биде взаемно прифатена од сите. Преку неа ќе го потврдиме тоа што е неспорно за сите дома“, потенцира Заев.