Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно се огласи по повод поднесената Предлог-резолуција во Собранието. Тие бараат СДСМ и ДУИ да ја поддржат Резолуцијата без интриги.
-Преговорите со Бугарија треба да се водат единствено откако ќе биде донесена Резолуцијата во Собрание. Заев до сега покажа дека нема кичма и без јасна рамка Македонија е загрозена. Резолуцијата е резултат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ ОА, и како таква ги штити темелите на јазикот, идентитетот и нацијата. Доколку СДСМ и ДУИ се искрени кон народот Резолуцијата треба да ја прифатат веднаш. Се што ќе биде во насока на минирање на нејзино донесување ќе покаже дека имаат задни намери, велат од партијата.
Премиерот Зоран Заев вчера извести дека ДУИ ја прифатила резолуцијата.
-Само треба да се смени формалното име и да се утврдат одредени формалности, за да биде взаемно прифатена од сите“, изјави премиерот и додаде дека со ова ќе му потврдат и покажат на Мицкоски, „којшто го има проблемот со македонскиот јазик и идентитет“.
„Преку заедничката резолуција ќе го потврдиме тоа што е неспорно за сите дома“, заклучи Заев.