Радев: С. Македонија мора сама да ја отстрани блокадата на ЕУ со јасни дејствија

од Nikola Popovski
148 прегледи

„Сакам да бидам многу јасен дека политиката на Бугарија кон С Македонија не зависи од тоа која влада ќе биде на власт и кој парламент. Зависи дека имаме отворен и конструктивен дијалог меѓу Софија и Скопје и дека тој ќе се одвива во еден од двата главни града, а не во Брисел, Париз, Берлин итн. Треба да се разбереме меѓунас и тоа зависи од исполнувањето на копенхашките критериуми за членство од страна на Северна Македонија“, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев на прашање на македонски новинар дали новиот парламент ќе ја промени бугарската политика кон С. Македонија, цитиран од „Труд“.

„Очекуваме нашите пријатели, браќа и раководството на државата Република Северна Македонија сами да ја отстранат блокадата. Оваа блокада не е наша. Очекуваме вистински, неповратни и одржливи резултати во нашите односи, така што ќе ги почитувате критериумите од Копенхаген за членство. Да се променат учебниците, ова го очекувавме 4 години откако го потпишавме Договорот во 2017 година. Очекуваме да бидат променети и спомениците со нивните натписи, музеи, јавни медиуми, со цел еднаш и засекогаш да се искорени говорот на омраза сите. Нашите млади луѓе кога ќе паднат границите и ќе се среќаваат – да не се мразат. Ние сакаме да го постигнеме ова, но тоа не зависи од Бугарија. Очекуваме јасни и одлучни активности од вас“, рече шефот на државата на прашањето за блокадата на процесот на европска интеграција на С. Македонија.

Слични содржини