Mислам дека е португалскиот предлог е многу добар. Многу балансиран. Јас мислам дека се грижи за интересите на двете страни, вели словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан во интервју за РСЕ.
Според него, најважно е дека за португалското претседателство не беше лесно да се скрши мразот, бидејќи имаше проблем кај бугарската страна, бидејќи немаше влада.
-Добрите околности се дека временската рамка за формирање на бугарската влада се прилично кратки и ако резултатот го овозможи тоа ќе имаме влада за време на летото и тогаш ќе имаме некој со кој ќе разговараме. Но, ние не чекаме само на тоа, туку сме активни. Така што немаме намера само да чекаме да се формира нова влада. Знаеме дека треба да го подготвиме тлото за компромис во наредниот да речеме месец и половина. Не сакаме да чекаме до декември, вели Предан во интервјуто.