ТРОФЕЈ ЗА АСТОРИ: Киелини ја посвети победата на својот прерано починат пријател

од Nikola Popovski
414 прегледи

Италијанските фудбалери пристигнаа во Рим, а со нив и поразениот финалист на Вимблдон, Матео Беретини се врати од Лондон, како почесен член на „азурите“, како што го нарече капитенот Џорџо Киелини.

По 52 години, Италија го освои трофејот на Анри Делонеј, победувајќи на пенали во финалето на ЕУРО против Англија.

Капитен Киелини го посвети трофејот на својот поранешен соиграч Давид Астори, кој почина од срцев удар пред нешто повеќе од три години.

– Би сакал да го посветам трофејот на Давиде Астори, засекогаш присутен во нашите умови и срца, дури и на помладите играчи кои слушнале само за него. Овој тим, дури и во тешки моменти, никогаш не го губеше срцето, цело време ја ставаше групата пред поединци. Само тимската работа може да постигне одлични резултати. Не се искачивме на подиумот затоа што реализиравме повеќе пенали од Англичаните, туку затоа што постигнавме голови со ширење на најголемата вредност, наречена пријателство – рече капитенот на „азурите“ на дочекот на репрезентацијата во Рим.

Кјелини се осврна и на вчерашното финале на Вимблдон и поразот на неговиот сонародник Матео Беретини од Новак Ѓоковиќ.

– Го поздравуваме и нашиот Матео, го сметаме за член на оваа репрезентација и можам само да му кажам дека тој никогаш нема да престане да сонува, бидејќи ние и цела Италија ќе бидеме со него. Трофејот освоен во Лондон е и за него – додал Киелини.

Слични содржини