Заев за Резолуцијата: Ако некој сака да го избегне уставното име, ние нема да партиципираме

од Берта Китинска
214 прегледи

Во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, уставно треба да стои Република Северна Македонија. Секоја резолуција има преамбуила, а таму е избегнато уставното име, рече премиерот Зоран Заев обајснувајќи дека за владеачкото мнозинство е неприфатлива Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесена во Собранието за заштита на националните црвени линии, затоа што не се употребува уставното име во истата.

-Ако некој сака да го избегне уставното име нa Република Северна Македонија нека го прави тоа сам, ние нема да партиципираме, Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија, ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните а тоа прашање се изјаснија на Референдум и согласно Уставот 2/3. Парламентот во една дискусија од 130 дена три пати гласајќи ја донесе одлуката за ново уставно име, со тоа што на името Република Македонија се додаде зборчето Северна и тоа е дел од Преспанската спогодба што е закон веќе, а истовремено и дел од нашиот Устав, рече Заев.