Заев: Во Арачиново, Охрид и Кисела Вода е направено повеќе за 4 години, отколку во претходните мандати на сите градоначалници

од Nikola Popovski
278 прегледи

„Во Арачиново е направено повеќе за 4 години, отколку во претходните 26 години. Во Охрид е направено повеќе од 2 или 2,5 мандати на претходните градоначалници, вклучително и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во општината Кисела Вода исто така е направено многу, можеби недоволн, но таа има помалку ресурси на прибирање приходи, во однос на другите скопски општини“, вака премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев ги коментираше предлозите за градоначалници во наведените општини, односно фактот дека истите луѓе се избрани од партијата за кандидати на следните локални избори.

Тој наведе дека можеле повеќе, но досега направеното во населените места е најдобро во однос на претходните владеења на нивните опоненти.

„Ако се прашував јас, можеби ќе се барале други кандидати, но овде се прашуваат граѓаните. Локалните избори се избори на личности. Партиите имаат влијание, но пресудна е личноста“, посочи премиерот и претседател на СДСМ.

Слични содржини