СДСМ го објави списокот на кандидати за градоначалници Кои се првите 30?

од Даниел Ѓорѓиевски
385 прегледи

Извршниот одбор на СДСМ ги аминува првите 30 имиња на кандидати кои официјално влегуваат во трката за локалната власт за изборите кои ќе се одржат во втората половина на октомври. Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека нивниот избор е резултат на спроведените испитувања на јавното мислење на граѓаните на овие 30 општини.

-Преку можноста за самокандидирање, но и во постапките во рамките на партијата  беа поднесени 630 кандидатура за градоначалници и 5 000 кандидатури за советници. Големиот интерес е доказ дека вистинските политики на СДСМ и работата за граѓаните се препознени. Тоа е уште еден показател дека ние сме фаворити на локалните избри, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

За Скопје, и официјално ќе трча актуелниот градоначалник Петре Шилегов.
За Валандово, останува Перо Костадинов,
Милиќие Халими за Арачиново,
Благојчо Шапов за Богданици,
Зоран Зимбаков, за Босилово,
Велимир Смилевски за Бутел,
Марјан Јанев за Василево,
Сашо Јанковски за Вевчани,
Ивица Димитров за Виница,
Роберт Пешовски за Градско,
Горан Трјковски за Делечево
Лазо Петров за Демир Капија,
Анго Ангов за Дојран,
Борче Гиевски за Зелениково,
Јордан Насев, за Карбинци,
Филип Темелквоски за Кисела Вода,
Благојче Илиев, за Конче,
Томе Христовски за Крушево,
Аце Велковски за Лозово,
Медат Куртовски, за Маврово Ростуше,
Љубе Кузмановски за Новаци,
Костадин Георгиевски за Охрид,
Елизабета Зелениковска за Петровец,
Славчо Пандурски за Пехчево,
Драган Анастасов за Пробиштип,
Живко Гошаревски за Ресен,
Стојан Николовски за Росоман,
Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане,
Горан Стојановски за Чашка и
Сашко Николов Штип.

Според Заев сите овие кандидати за градоначалници и градоначалнички  објавени во првата фаза се дел од најдоброто, бидејќи биле блиски до граѓаните, чесни, одговорни со конкретни планови и решенија.

-Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани. СДСМ во сите изминати години го правше најдобро што можеше и ќе продолжи тоа да го прави уште подобро и во иднина, рече Заев.  

И.Т.

Слични содржини